За колачињата (cookies) и како се користат
Рингераја.мк користи “колачиња” за обезбедување на подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Vo red
Општи правила и услови за натпреварот “Ѕвезда на Бебе календар за 2022 година”
Дану Медиа дооел Скопје, ул. Партизански Одреди бр 155 мез 3, 1000 Скопје (организатор), под спонзорство на Johnson`s® (во следниот текст спонзор) во периодот од 18.10.2021 и 23.12.2021 година на порталот (v nadaljevanju sponzor) na spletnem portalu www.ringeraja.mk приредува натпревар “Ѕвезда на бебе календар за 2022 година”.

1. Како да се пријавите?

Изберете ја омилената фотографија од вашето мало сонце, за време на подготовка за бањање, за време на бањање или после бањањето, (деталното упатство за потребните карактеристики на фотографиите прочитајте ги под број 2 во овој Правилник) и пријавете се на нашата страница https://zvezda-na-bebe-kalendar-2022.ringeraja.mk/, заедно со следните задолжителни податоци:

  • Име на детето на сликата
  • Број на години (од 0 до 5)
  • Број на години (од 0 до 5)
  • email (на родителот)

Не заборавајте на фотографијата! Фотографијата и сите останати податоци испратете ги/прикачете ги преку страницата за пријава, а целиот процес се одвива по електронски пат. Прифатени ќе бидат само пријавите кои ги содржат сите барани податоци.

Фотографиите може да ги испраќате од 18.10.2021 до 02.12.2021.
Фотографијата ќе биде достапна во галеријата на фотографии најдоцна во рок од 24 часа од успешното додавање на фотографии преку образецот за пријава. Ако фотографијата не се појави после 24 часа во галеријата, ве молиме проверете ја својата е-маил адреса, бидејќи организаторот можеби испратил известување за некоја неправилност, која е можно да се исправи. Е-маил од организаторот е: babykalendar@danu.biz.

2. Карактеристики на фотографиите

Фотографијата која ќе ја испратите за натпреварување не треба да прикажува премногу голотија на вашето дете, ниту да го прикажува детето на непримерен начин. Посебно не се дозволени фотографии на кои се гледаат интимни делови од телото на детето. Организаторот може да ги исклучи од натпреварот сите фотографии за кои смета дека се неприкладни и ќе ги избрише од галеријата.

Пример на правилна фотографија: се гледа само главата на детето со мокра косичка и пена од шампон, сушење или чешлање на косичката додека детето е замотано во пешкир или соодветна облека, или дете во кадичка, но поголемиот дел од телото на детето да е потполно покриен, или игра од вашето малечко пред или после бањање, симпатична насмевка, поглед или некаква солза за време на бањањето, или можеби само некоја неодолива поза само за вас (и нас), неуморно миење на рачињата со многу сапуница и слично.

Не е дозволено на фотографијата да е се наоѓа производ, лого или натпис кој на било кој начин му е конкуренција на Johnson`s® производите.

Фотографиите треба да задоволуваат одреден квалитет, да се сликани со фотоапарат или мобилен телефон со минимална големина на фајлот од 3 MB (но да не биде поголем од 10 MB) и минимална ширина 1600 пиксели заради можноста за користење на фотографиите во печатење на календарот (доколку фотографијата биде меѓу победничките фотографии).


Фотографиите треба да бидат во боја и без стилски додатоци (без лепенки и смајли) и потребно е да не се објавувани во други медиуми.

3. Натпревар

Членови и посетители на порталот www.ringeraja.mk ќе бидат во можност со својот глас (клик на копчето Гласај) да одберат 100 најсимпатични фотографии од 14.11.2021 до 07.12.2021 година. Од тие 100 фотографии комисијата (од 08.12 до 10.12) ќе одбере 12 фотографии, по една за секој месец од годината. Сите 100 најсимпатични фотографии ќе бидат прикажани на страницата на www.ringeraja.mk.

Сите корисници на порталот www.ringeraja.mk можат да гласаат, а за гласањето не е потребна регистрација на порталот.

Со кликнување на линкот за конфирмација, кој по првото гласање ќе биде испратен на e-mail, гласачот ја потврдува исправноста на гласот (само за првото гласање). Подоцна може непречено да гласа и за останатите омилени фотографии, но без дополнителна потврда на гласот. Секој корисник за секоја фотографија може да гласа само еднаш од една е-маил адреса.

Организаторот ги задржува сите права да ги ИЗБРИШЕ сите гласови кои не се во согласност со правилата на натпреварот, како во текот на натпреварувањето, така и после завршувањето на гласањето, доколку се утврди било каква неправилност (на пример дека личноста гласала неколку пати дневно од различна е-адреса), или заради сомнеж на кршење на правилата.

Со опцијата share или like (под фотографијата), родителите може да ги поканат своите пријатели да ги поддржат нивните малечки (но бројот на лајкови не се вбројува во гласовите).

4. Кој може да учествува?

Секој кој ќе ги испрати сите барани податоци и фотографија од своето детенце со возраст од 0 до 5 години, а која ги задоволува бараните критериуми за натпреварување, опишани во карактеристиките на фотографиите, освен вработените кај организаторот и спонзорот како и членови на нивна блиска фамилија. За учество не е потребно да сте член на порталот www.ringeraja.mk.

Право на учество имаат резиденти/државјани на Република Северна Македонија.
5. Објава на резултати

Секоја од 12-те одбрани фотографии ќе биде претставена на порталот www.ringeraja.mk, секој ден по една фотографија од 11.12.2021 до 22.12.2021 година. Сите 12 избрани натпреварувачи ќе бидат известени дека се одбрани за календарот најкасно до 23.12.2021.

6. Согласност за употреба на податоци

Сите учесници во натпреварот со испраќање на фотографии потврдуваат дека се родители или законски старатели на детето на испратената фотографија и дека во потполност ги прифаќаат условите на овој натпревар, како и дека информациите кои ги испраќаат се точни и вистинити. Исто така, гарантираат дека ги имаат сите права за објава и користење на испратените фотографии и дозволуваат истите да се употребат за печатење и дистрибуција на “Ѕвезда на бебе календар за 2022 година”.

Секој учесник во натпреварот се согласува дека организаторот може да ги обработува личните податоци добиени од учесниците во текот на натпреварот, во својата база и ги користи за статистичка обработка и за испраќање на информации и пропаганден материјал (по електронска пошта и обична пошта).

Организаторот на играта ги заштитува сите лични податоци кои ги добива од учесниците според прописи и правила за заштита на лични податоци. Организаторот смее да ги користи личните податоци добиени од учесниците исклучиво за целите за кои се добиени. Учесникот или неговиот старател, или законски застапник може во секој момент да ја отповика согласноста за користење на личните податоци, собрани во текот на натпреварот.

Учесниците чии фотографии ќе бидат одбрани, дозволуваат организаторот да ги објави личните податоци на детето (име, година, град) на интернет медиумите, во известувањата за резултатите и промоција на натпреварот.

7. Правила за учество во натпреварот

Правила и општи услови за натпреварување се достапни на веб страната www.ringeraja.mk. Организаторот може да ги промени правилата на натпреварот, а за тоа учесниците благовремено ќе бидат известени на порталот на Рингераја. Учесниците во натпреварот се согласуваат дека се запознаени со правилата на учество и се обврзуваат дека ќе ги почитуваат.

Испрати пријава ОВДЕ за твоето дете да стане Ѕвезда на бебе календар за 2022 година »»


Скопје, 18.10.2021 година

Zvezda na bebe kalendar 2022
Бараме 12
Ѕвезди на Бебе
Календар за
2022 година
Prijavi Otroka
 
Sponzor